Дома Фудбал Англија „Ако Ливерпул ја освои ЛШ, ќе заминам негде каде нема интернет и сигнал за телефон“

„Ако Ливерпул ја освои ЛШ, ќе заминам негде каде нема интернет и сигнал за телефон“

Легендарниот Гери Невил изјави дека ако Ливерпул ја освои ЛШ ќе се комплетира „сезона од пеколот“ за него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот фудбалер на Јунајтед се надева дека Реал Мадрид ќе биде подобар од екипата на јирген Клоп во големото финале на 26. мај.

„Ова би можела да биде сезона од пеколот. Манчестер Сити ја освои титулата. Ако сега и Ливерпул триумфира во ЛШ, а Челси го победи Јунајтед во финалето на ФА купот, ќе размислувам да заминам негде на година дена на место каде нема интернет и сигнал за телефон. Истото и милиони навивачи на Јунајтед би го направиле. Кога е финалето на ЛШ? 26. мај? Ќе закажеме чартер лет на 27ми. Сите ќе сакаат да заминат од Манчестер, можеби во Амазонската шума.“ – рече Невил и додаде:

„Ајде да се надеваме дека Јунајтед ќе го освои Купот и дека Роналдо, нашето дете, нашиот пријател, ќе постигне хет-трик во финалето. Ливерпул беше одличен до сега, но не сакам тие да ја освојат ЛШ.“

Финалето во ФА Купот е на 19. мај, а натпреварот за титулата во ЛШ се игра седум дена покасно.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хит изјава на Ибрахимовиќ за Меси: Има пет гола на два натпревари на СП, јас нула на два Мундијали…

Лео Меси блеска на почетокот на Мундијалот, предводејќи ја Аргентина со пет погодоци досег…