Репрезентативот на Бугарија, Филип Десподов кој постигна гол за Бугарија во Скопје во натпреварот во кој нашиот источен сосед победи со 0:1 повторно испраќа провокации до македонската јавност.
Десподов во изјава за националната телевизија на Бугарија, БТВ помеѓу другото истакна дека тоа бил неговиот најважен гол за националниот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така беше запрашан и за коментарите дека потегкнуива од Кресна, место во близина на нашата западна граница и тој крај е познат како македонски.
„Против Македонија во Скопје го постигнав еден од моите најважни голови. Ме болеше тоа што свиреа на химната, но затоа победивме. Македонците ја победија Македонија?
Ако ги прашате нив тие би си го присвоиле и Роналдо. Тоа што јас сум од Кресна и место кое го нарекуваат македонскиот крај, не значи дека сум Македонец.
Мојот пасош е со бело-зелено-црвено (боите на Бугарија)“, изјави напаѓачот на бугарската репрезентација.