Дома Македонски спорт Ако ги помине европските, Македонија ќе игра и олимписки претквалификации

Ако ги помине европските, Македонија ќе игра и олимписки претквалификации

Вкупно 12. репрезентации кои нема да го „преживеат“ второто коло од европските квалификации за Светското првенство во 2023 година ќе бидат меѓу 40. репрезентации кои ги исполнуваат условите за учество на еден од предолимписките квалификациски турнири што ќе се одржат следната година.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Четири други екипи ќе имаат право на учество во претквалификациското второ коло на Евробаскетот 2025.

Македонија е на добар пат да биде помеѓу тие четири селекции кои ќе се стекнат со можност наредната година да играат и некој од претквалифиакциските турнири кои водат на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

За тоа ни треба барем уште една победа на последните два натпревари од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2025, наредниот февруари, 2023 година, на гостувањата во Словачка односно во Норвешка. Или, евентуален подобар меѓусебен однос на некој од нашите противници во „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, кој гарантира прво место во оваа конкуренција.

Додека повеќето од тимовите што ќе одат на Олимпијадата ќе го направат тоа со своите настапи на Светското првенство, како што се случи кога тимовите резервираа места во Кина 2019, за Игрите во Токио, сепак ќе има нов „пат до олимписките квалификации“, благодарение на новововеденитe претквалификациски олимписки турнири кои ќе нудат билети за најголемиот светски спортски собир, оној во Париз.

Пет селекции ќе „излезат“ од овие турнири и ќе напредуваат кон последниот кој ќе брои 24 тима. Тие ќе се приклучат на 16. тимови кои ќе бидат во олимписките квалификации, без оглед на регионот и врз основа на рангирањето на Светското првенство, како и на три други тимови врз основа на рангирањето на Светското првенство – следните најдобро рангирани селекции од Африка, Америка и Азија.

Победниците на квалификацискиот турнир ќе му се придружат на олимпискиот домаќин, Франција (во очекување на одлуката на Централниот одбор), заедно со другите селекции кои ќе ги освојат местата на Игрите во Париз со нивните настапи на Светскиот Куп во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лажниот Нејмар е сензација во Катар🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! На еден од натпр…