Дома Фудбал Репрезентации „Ако Анчелоти е толку добар, зошто не го реши проблемот на Италија?“

„Ако Анчелоти е толку добар, зошто не го реши проблемот на Италија?“

Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил од идното лето, тоа веќе го потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на „Кариоките“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразил успеа да го убеди Анчелоти по долги преговори, меѓутоа претседателот на државата, Лула Да Силва не се согласува со изборот на новиот селектор.

Да Силва е против ангажманот на Анчелоти велејќи дека Анчелоти ако бил толку добар ќе ја поправел ситуацијата во италијанската репрезентација.

„Не знам што би кажал, ако е толку добар зошто тогаш не го реши проблемот на Италија? Италија не може да се пласира ниту на Светско првенство“, истакна Да Силва.

Италијанците не се пласираа на последните два Мундијалите, а во последниот бараж токму Македонија ги елиминираше во полуфианлето. Бразил до доаѓањето на Анчелоти ќе биде предводен од Фернандо Диниз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…