Дома Фудбал Англија Азар: Сакам да бидам легенда како Лампард, Тери и Дрогба

Азар: Сакам да бидам легенда како Лампард, Тери и Дрогба

Белгијскиот фудбалер Еден Азар синоќа одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Челси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој во победата на гости против Ватфорд со 2:1 постигна два погодока, а ова му беа 100. и 101. гол за Сините од Лондон.

После натпреварот порача дека сака да стане легенда како што се во овој клуб Дрогба, Лампард или Џон Тери.

„Постигнатите 101 погодок за овој неверојатен клуб е нешто што нема никогаш да го заборавам. Сакам да постигувам уште погодоци и да станам легенда како што се Тери, Лампард или Дрогба.“ – изјави Азар.

Да потсетиме, Азар во текот на актуелната сезона одигра вкупно 22. натпревари за клубот од Стемфорд Бриџ и постигна 12 погодоци и девет запишани асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првиот човек на Премиер лигата тврди: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!

Притисокот врз претседателот на ФИФА Џани Инфантино продолжува да расте. Извршниот директо…