Дома Фудбал Останато Азар постигна гол после 188 дена, реми за Реал против Клуб Америка 🎥

Азар постигна гол после 188 дена, реми за Реал против Клуб Америка 🎥

Реал Мадрид одигра 2:2 во пријателскиот натпревар против Клуб Америка, а најдобрата вест од овој меч за навивачите на „кралевите“ можеби е голот на Еден Азар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот постигна гол после пауза од цели 188 дена. Претходно Азар постигна гол на 20. јануари во куп натпреварот против Елче.

Прв до водство во овој дуел дојде мексиканскиот тим со голот на Мартин после пет минути игра. „Кралевите“ израмнија со голот на Бензема, а Азар во листата на стрелци се запиша во 54. минута од белата точка. Пеналот го изнуди Лукас Васкез.

Конечните 2:2 на десетина минути пред крајот ги постави Фидалго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…