Дома Фудбал Азар: Не разговарам со Анчелоти

Азар: Не разговарам со Анчелоти

Азар е најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но и најголемо разочарување за „кралскиот“ клуб.

Белгиецот од моментот кога пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, неговата кариера е во слободен пад. Оваа сезона, последен пат на теренот бил во септември.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


И покрај тоа Азар истакна дека сака да остане во Реал Мадрид, но призна дека не разговара со Анчелоти.

„Ако се прашувам јас, би бил во Реал Мадрид и следната сезона, но никогаш не се знае. Би сакал да останам, отсекогаш сум го велел тоа. Се надевам дека ќе играм и ќе покажам дека се уште можам“, изјави Азар.

„Постои почит меѓу Анчелоти и мене и секогаш ќе има. Мора да почитувате човек како Анчелоти за сето она што го направил во кариерата и она што го претставува во фудбалот. Но, не разговараме“, откри Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…