Дома Фудбал Азар или Дибала? Зидан нема дилема!

Азар или Дибала? Зидан нема дилема!

zidane

Тренерот на Реал Мадрид нема дилеми кога се во прашање желбите за трансфер периодот.

Реал посакува една супер звезда во текот на летото и неколку млади фудбалери. Се’ може да промени Де Геа, но мали се шансите тој да пристигне на Бернабеу иако тој има желба.

Сепак, Бејл сигурно заминува, а наводно Реал има две можности да го собори светскиот рекорд преку Дибала или Азар.

Белгиецот не сака да го продолжи договорот со Челси, а Дибала од друга страна доколку сака да го напушти клубот за тоа нема да биде спречен.

Конечниот збор околу тоа кој треба да го засили тимот ќе го има Зидан. Има неколку причини да избере.

Зизу смета дека Азар е поискусен, ментално постабилен и дека нема да биде под притисок од очекувањата. Потоа, тој може да игра на повеќе позиции во тимот, за разлика од Дибала кој игра како втор напаѓач.

Затоа, прва трансфер цел на Реал ќе биде Еден Азар, а потенцијална замена Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…