Рафаел Варан, Еден Азар и Даниел Карвахал ќе бидат спремни за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони против Челзи, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Варан даде позитивен тест на коронавирус, додека Азар и Карвахал подолго време се рехабилитираат од повреда.
Се очекува тројцата да му бидат на располагање на Зинедин Зидан за првиот меч со Челзи во полуфиналето кое на програмата е на 28-ми април.
Што се однесува до Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти првиот меч, но лекарскиот тим ќе се обиде да се опорави за реваншот.