„Росонерите“ во 2013 потпишаа одличен договор со произведувачот на спортска опрема „Адидас“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатиот бренд на спортска опрема му дава на Милан за спонзорството околу 20 милиони евра годишно, а договорот потпишан во 2013 година има важност 10 години.
Сепак, продажбата на дресови на Милан забележа значителен пад поради лошите резултати на клубот и недостатокот на ѕвезди.
Поради тоа, „Aдидас” сака го ревидира договорот, но за тоа се прашува и Милан, кој не сака да слушне за такво нешто. Договорот важи десет години, според сите ставки во договорот италијанскиот клуб е во апсолутно доминантна позиција.
Само за споредба, Јувентус продава двојно повеќе дресови од Милан оваа сезона, а од „Адидас“ добива само три милиони евра повеќе.