Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми: Не жалам што избрав да играм за Македонија

Адеми: Не жалам што избрав да играм за Македонија


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Македонија синоќа ја победи Грузија во Тбилиси и обезбеди историски пласман на Европско првенство.

Еден од најзаслужните на теренот беше Арјан Адеми кој иако беше повреден стисна заби и лавоски одигра. 

Адеми во минатото настапуваше за младата репрезентација на Хрватска, имаше три настапи на пријателски мечеви и за А тимот на оваа земја, но на крајот, во 2014 година се реши да ја прифати поканата да игра за Македонија. 

Сега вели дека воопшто не жали што избрал да игра за македонската репрезентација.

„Не жалам што одлучив да играм за Македонија, веќе не сакав да чекам повик од хрватскиот селектор. Ковач се обиде да ме предомисли, но веќе им дадов збор на Македонците и не сакав да го погазам договорот“, изјави Адеми за хрватските медиуми.

„Малку зборувам македонски, повеќе се разбирам на албански, а користам и хрватски, повеќето го разбираат .Не знам што да кажам освен дека секој спортист живее да оди на Европско. Тоа мене ми се оствари како фудбалер. Иако малку кој веруваше дека ќе заиграм на големо натпреварување“, додаде капитенот на Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Дориан Бабунски играч на сезоната во Дебрецен!

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Репрезентативец на …