Дома Фудбал Адеми испиша историја: Играч со најмногу настапи за Динамо во Европа

Адеми испиша историја: Играч со најмногу настапи за Динамо во Европа

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми синоќа влезе во историјата на хрватскиот фудбалски гигант.

Адеми го запиша својот 77. настап во Европа, а со тоа го сруши рекордот на Самир кој имаше 76. настапи за Динамо во европските натпреварувања.

Динамо Загреб обезбеди пласман во нокаут фазата, а со тоа Адеми може да го подобри рекордот за бројот на настапи во Европа.

Адеми овој рекорд ќе го постигнеше уште многу поодамна ако не беше допинг аферата во Динамо, поради која пропушти повеќе натпревари во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цесар со исполнет план во Скопје, Македонија остана пред бараж за опстанок

Словенечкиот селектор Боштјан Цесар ја истакна подготовката како клуч за победата од 3-0 в…