Дома Фудбал Агентот на Олмо откри: Барселона одбила огромна понуда за Јамал!

Агентот на Олмо откри: Барселона одбила огромна понуда за Јамал!

Ламин Јамал е еден од најважните фудбалери во тимот на Ханси Флик кој игра одлично од почетокот на сезоната и има пет победи во исто толку натпревари.

Блескаше Јамал и на Европското првенство во Германија, а сега агнетот на Дани Олмо, Енди Бара откри каква понуда одбил каталонскиот гигант за Јамал во текот на летото.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според изјавата на Бара на адреса на Барселона пристигнала понуда во износ од 250 милиони евра. Сепак, одговорот од Каталонија бил јасен.

„Можам да ви кажам со сигурност, Барселона одби 250 милиони евра за Ламин Јамал“, изјави Бара.

Во Барселона воопшто не размислуваат за продажба на Јамал по било која цена бидејќи очекуваат уште долги години да го имаат на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го испраќа на позајмица младото чудо во кое вложи 60 милиони евра

Изгледа дека Реал Мадрид ја реши ситуацијата со својот млад напаѓач Ендрик, кој ќе се обид…