Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович верува дека се уште има доволно време „сините“ да се вратат во битката за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа било и едно од првите барања на Томас Тухел, кој се очекува наскоро и официјално да биде именуван за нов тренер на Челзи и да потпише договор на 18 месеци.
Во моментов Челзи се наоѓа на 9-то место со цели 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, Абрамович е убеден дека тимот има доволно квалитет да се врати во трката за титулата бидејќи сезоната е на половина.
Бордот на директори исто така смета дека Челзи мора да ја подобри позицијата на табелата, но главна цел е пасман во Топ 4 и учество во Лигата на шампиони.
Лампард неодамна доби отказ после серијата на лоши резултати. Челзи минатата сезона заврши на 4-то место, а во летото потроши 200 милиони евра за засилувања.