Дома Фудбал Англија Абрамович е навистина скржавец – спреми „мизерна“ премија за титулата!

Абрамович е навистина скржавец – спреми „мизерна“ премија за титулата!

Тимот на Челзи има прилика вечерва да го направи тоа што навивачите долго го очекуваат – да победи против ВБА и математички да ја осигура титулата во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми денес ја открија и премијата за титулата која била договорена на почетокот на сезона. Таа воопшто не е импресивна, иако малку кој очекуваше во август дека „сините“ ќе ја освојат титулата.

Станува збор за сума од 5 милиони фунти која ќе биде распределена меѓу сите фудбалери и стручниот штаб.

Нормално, не на еднакви делови, само 10% односно половина милион евра одат кај играчите кои седеа на клупата, или само тренирале со тимот. Меѓу тие фудбалери кои ќе делат половина милион евра е и капитенот Џон Тери.

Остантите играчи ќе добијат околу 200.000 евра кога ќе се подели сумата. Иако ова се чини како голема сума, сепак англиските медиуми коментираат дека Абрамович не се покажал како што треба бидејќи оваа сума е помала од неделната плата на некои фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Несекојдневен потег по испаѓањето од Светското првенство: Претседателот на државата нареди итна истрага!

За некого Светското првенство испишува прекрасни, историски приказни, но не секој има таа …