Дома Фудбал Абидал ја излажал јавноста, црниот дроб го купил на црно

Абидал ја излажал јавноста, црниот дроб го купил на црно

Медиумите во Шпанија и пред три години објавија дека Ерик Абидал при трансплантацијата на црниот дроб истиот го купил на црно, а во тоа му помагал поранешниот прв човек на Барселона Сандро Росел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тогаш тие излегоа во јавноста и ги демантираа обвинувајќи дека се пишуваа лаги, а Абидал објаснуваше дека црниот дроб му го донирал роднина. Сега „Ел Конфендисијал“ објави дека после најновите анализи се покажало дека донаторот не бил роднина на Абидал, па така тој ја излажал јавноста.

Купувањето на црниот дроб според информациите го договорил Росел кој сега е во затвор поради перење на пари, а ако се докаже овој скандал казната сигурно ќе му биде продолжена.

Ќе потсетиме, Абидал во 2011 година дозна дека боледува од тумор на црниот дроб, а една година подоцна беше опериран и доби нов орган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има тајно оружје да ги победи ПСЖ и Манчестер Јунајтед за едно од најголемите засилувања летово

Ливерпул можеби има трик во ракавот за да ги победи ПСЖ и Манчестер Јунајтед во трката за …