Дома Фудбал Англија Мурињо: Не сум задоволен!

Мурињо: Не сум задоволен!

После победата од 3:0 против Сент Етјен во Лига Европа, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо ги изненади сите и изјави дека не е задоволен.

Јунајтед победи благодарение на хет-трикот на Златан Ибрахимовиќ, а после мечот Мурињо истакна дека е задоволен само од резултатот, но не и од играта.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мислам дека не бевме потполно концентрирани на мечот. Го имав тоа чувство уште во соблекувалната – премногу врева, шеги, опуштеност. И мојот помошник го примети тоа на загревањето, некои од играчите не се ни трудеа“, открива Мурињо.

„Потоа кога почна натпреварот имавме недостаток на концетрација, а кога немате концентрација тешко е да се држат работите под контрола. Имавме тешко прво полувреме и мене на клупата ми беше тешко и потребна ми беше пауза. Добро поминавме што на одмор заминавме со 1:0, а можеше да биде и 1:1. На крајот можам да кажам дека сум задоволен од резулатот, но не и од играта“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…