Дома Топ вести Tрансфери во живо: „Трансферот на векот“ пред реализација, Санчез добива понуда од соништата…

Tрансфери во живо: „Трансферот на векот“ пред реализација, Санчез добива понуда од соништата…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ од Германија: Габонецот од редовите на Борусија Дортмунд Пјер-Емерик Обамејанг се сели во Кина, но во јануари! (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Официјално Гетафе го доведе досегашниот голман на Црвена Звезда, Филип Манојловиќ.

Aлександар Коларов утрово пристигна на медицински прегледи во Рим каде што ќе потпише договор со екипата на Рома.(ОВДЕ)

– Алжирецот од редовите на Лестер, Ријад Марез ова лето сигурно заминува, а негова наредната дестинација најверојатно ќе биде екипата на Рома. „Волчицата“ испрати понуда од 30 милиони евра.

– Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез се споменува како замена за Бонучи во редовите на италијанскиот шампион. (ОВДЕ) 

– Екипите на Евертон и Валенсија испратија понуди на адреса на Јувентус за услугите на фудбалерот од средината на теренот, Марио Лемина кој е на излезни врати од клубот. Наводно, Јувентус би се откажал од услугите на Лемина за сума од 16 милиони евра.

– Француските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Монако, Менди е пред трансфер во редовите на Манчестер Сити и тоа за сума од 57.5 милиони евра.(ОВДЕ)

Андреа Белоти во овој момент има само две опции, останување во Торино или преселба во Милан.

– Тренерот на екипата на Челзи, Антонио Конте, даде „зелено светло“ за започнување преговори со фудбалерот на Арсенал, Алекс Окслејд Чембрлејн.

– Фудбалскиот ветеран Весли Снајдер е пред враќање во татковината и тоа во тимот на Утрехт. После шпекулациите за трансфер во Серија А, за Холанѓанецот се појавува нова опција.

– Медиумите во Шпанија пренесуваат дека колумбискиот дефанзивец од редовите на Милан, Кристијан Запата е пред трансфер во Андалузија во тимот на Севиља.

– Барселона спрема понуда од 70 милиони евра за фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо. (ОВДЕ) 

– Арсенал одби понуда од ВБА од 11 милиони евра за дефанзивецот Киеран Гибс, „топциите“ бараат два милиони повеќе.

– ПСЖ спрема понуда од 70 милиони фунти за Алексис Санчез, Чилеанецот во клубот од Париз би заработувал 400.000 фунти неделно. (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ пренесува дека сега шансите Нејмар да ја напушти Барса и да премине во редовите на ПСЖ се зголемени на нешто повеќе од 90%.(ОВДЕ)

Чиро Имобиле одби неколку понуди, фудбалерот е среќен и потврди дека останува во Лацио и наредната сезона.

– Стоук бара 20 милиони за Имбула веднаш, додека Торино нуди позајмица со обврска за откуп наредното лето за 15 милиони евра. Во овој момент трансферот е далеку од реализација.

– Интер тргнува по потписот на фудбалерот на Саутемптон Јан Карамо. „Нероаѕурите“ за талентираниот фудбалер се спремни да испратат понуда од околу шест милиони евра.

– Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека во овој момент не размислува за доведување на замена за Леонардо Бонучи кој премина во Милан.(ОВДЕ)

– Бразилецот од редовите на Реал Мадрид, Данило до вторник би требало да го реализира неговиот трансфер во редовите на Манчестер Сити, како замена на десната бековска позиција Зидан би можел да го користи Лукас Васкез. (ОВДЕ)ж

– Аргентинскиот ветеран Родриго Паласио сака да се пресели во Џенова. За него повеќе нема место во Интер, па преселбата во Џенова изгледа како најдобра опција.

– Откако Венгер ја одби понудата од 11 милиони за Киеран Гибс, менаџерот на ВБА, Тони Пјулис се откажа од доведување на овој фудбалер.

– Вест Хем го претстави најскапото засилување, Марко Арнаутовиќ, за кого платија 27 милиони евра. Аранаутовиќ во редовите на англискиот клуб ќе заработува 105 илјади евра неделно.

– Иако Масимилијано Алегри тврди дека Јувентус нема потреба да доведува замена за Леонардо Бонучи. Германски „Билд“ пренесува дека „бјанконерите“ го сакаат Матс Хумелс. Цената која Баерн ја одреди за овој фудбалер изнесува 50 милиони евра. (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…