Дома Трансфер зона Tрансфери во живо: Нејмар закажа прегледи, Мурињо чека пресуда, Дибала со „КОРПА“ за Каталонците…

Tрансфери во живо: Нејмар закажа прегледи, Мурињо чека пресуда, Дибала со „КОРПА“ за Каталонците…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Нејмар утрово пристигна во тренинг кампот на Барселона, но како што беше и потврдено од тренерот Велверде, Бразилецот не тренираше. Најголемите светски медиуми пренесуваат дека Бразилецот се поздравувал со соиграчите пред трансферот во ПСЖ. (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Официјално: Интер го доведе фудбалерот на Фиорентина, Матијас Весино (ОВДЕ)

– Трансферот на Нејмар, предизвикува „Домино“ ефект на фудбалскиот пазар, во игра се клубовите на ПСЖ, Јувентус, Арсенал и Ливерпул (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед е на чекор од доведување на бекот на ПСЖ, Серж Орие. Англискиот гигант е спремен да издвои 30 милиони за услугите на фудбалерот кој ја чека пресудата од инцидентот во еден ноќен во Париз минатиот септември. (ОВДЕ)

– Ѕвездата на Јувентус на Паоло Дибала истакна дека немара да се пресели во редовите на Барселона, покрај тоа и Јувентус сигурно дека сака да го задржи одличниот Аргентинец.(ОВДЕ)

– И покрај најавите дека Ријад Марез е блиску до Рома, управата на Лестер не попушта и за Алжирецот бара 50 милиони евра, во Рома сметаат дека таа сума е превисока. 

– ПОТВРДЕНО: Барселона потврди, дека Нејмар побарал и добил дозвола да го напушти клубот. 

– После потврдата која пристигна од Каталонија, шпанските медиуми пренесуваат дека Бразилецот веќе ги договорил медицинските прегледи пред потписот со ПСЖ и наводно тие се закажани за во четврток.

Алваро Негредо не тренираше со екипата на Валенсија, Шпанецот е пред трансфер во турски Бешикташ

– Екипата на Јувентус го обнови интересот за Андре Гомеш. Управата на „старата дама“ на ваков потег се одлучи откако Матуди од ПСЖ и Нзози од Севиља беа оценети како прескапи.

– Официјално: Лацио во своите редови го доведе Еквадорецот, Фелипе Каиседо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…