
Во екот на обложувачки скандали кои го тресат светот, па и Македонија, ви прикажуваме актуелна снимка од бокс меч кој ја шокираше Австралија. Пресметката меѓу Дени Грин и Пол Брикс за ИБО првак во средно-тешка категорија се претвори во треторазредна трагикомедија која траеше само 20-тина секунди.
Бригс, кој се немаше борено од 2007 заради психички проблеми, падна како покосен по еден фантомски удар во 27 секунда од борбата.
„Луѓе, ова е најголемата фарса која сум ја видел кај нас. Примивме многу поединечни уплати на нокаут во прва рунда за овој меч, отколку за сите борби вкупно во последниве 20 години“, изјави директорот на Centrebet, една од двете обложувалници кои примиле големи уплати за оваа борба.
Одговорните веќе најавија истрага.
Победникот на срамната пресметка на двајцата Австралијци, Дени Грин беше лут како рис кога Бригс остана да лежи по смешниот удар. Го пцуеше, урлаше на него, но ништо не помогна.
На новинарите по борбата им изјави дека Бригс се однесувал ’полошо од пес и не заслужил ни цент за своето однесување во рингот’, за по извесно време (не)очекувано да ја ублажи својата изјава:
„Мислам дека го погодив во мекиот дел на черепот. На прв поглед изгледа како само да сум го допрел, но сепак го погодив в глава, тоа беше скоро како вистински удар“.
Тренерот на Бригс, Били Хусеин изјави дека неговиот боксер на препорака на официјалниот доктор е испратен в болница. „Пол не може да се сети што му се случи в ринг“.
А кој не би сакал што поскоро вакво нешто да заборави....
Извор: Таратур