Легендата на шпанскиот фудбал Хозе Антонио Камачо стана хит на ЈуТјуб.
Тренерот кој со Шпанија испадна во четвртфиналињата од ЕП 2000 и СП 2002, во Јужна Африка работи како стручен коментатор, а неговите прослави на голови на ’фуријата’ стекнаа голем број обожаватели.
Камачо не разочара и за време на финалето кога Андрес Иниеста во 116 минута го постигна историскиот гол.
Во уште поголема еуфорија беше неговиот колега на коментаторската позиција кој не можеше да прекине да урла во стилот на јужноамериканските коментатори. Веселата двојка со широки насмевки ја гледаа сите во нивна близина.