Дома Останати Oд Металург разочарани: Ова е ГОЛЕМ скандал

Oд Металург разочарани: Ова е ГОЛЕМ скандал

Одлуката на ЕХФ не одеше во корист на клубот од Автокоманда, а тоа беше причина и за нова реакција од клубот.

Да потсетиме, ЕХФ го прогласи Немања Обрадовиќ за слободен ракометар со што автоматски го одобрува и неговиот трнасфер во Висла Плоцк.  Управата на Металург тврдеше дека Обрадовиќ не е слободен и доколку сака да замине Висла мора да плати оштета, но како што споменавме одлуката не одеше во корист на македонскиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во соопштенито до јавноста Металург одлуката на ЕХФ ја нарекува „скандалозна“.

„Секако дека сме длабоко разочарани, сигурни сме дека имаме право во овој случај. Сите во клубот веруваме во правда, но одлуката на ЕХФ во најмала рака е скандалозна. Која е смислата на потпишување на договор со ракометарите, ако тие немаат апсолутно никаков ефект кога во игра е посилна страна. Според оваа одлука на ЕХФ, ние би можеле да останеме без било кој наш актуелен ракометар иако со истиот имаме договор. Кога сме кај „случајот“ Обрадовиќ, сигурни сме дека е казнет клубот кој беше во право, а тоа сме ние. Ова во никој случај не е фер“, соопштија од Металург.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…