Дома Останати Fit Games – натпревар во функционален фитнес!

Fit Games – натпревар во функционален фитнес!

На 28 октомври во Скопје ќе се одржи натпревар во функционален фитнес/кросфит под името Fit Games, во организација на Protein Lab, во соработка со Crossfit Скопје и Nagomy Fitness центарот.

Настанот ќе опфати натпревар во 8 вежби од напредно ниво во функционален фитнес подготвени од страна на двата фитнес центри, но и дегустации на спортска и здрава храна, како и забавна програма за публиката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Настанот ќе го води актерот Гораст Цветковски, a музички сет ќе има диџејот Irie Scratch. Од Protein Lab ќе обезбедат примероци од спортски суплементи за дегустација, а ресторанот Prote.in ќе подготви здрава и нутритивно богата храна за натпреварувачите, но и за дегустација за публиката.

„Сакаме да приредиме целосно искуство и за натпреварувачите и за оние кои ќе дојдат да го следат аденалинскиот натпревар, бидејќи основната цел и мотив за организација на Fit Games е промоција на здравиот и активен начин на живот и поттикнување на што е можно повеќе луѓе да го изберат за свое секојдневие. Од лично искуство ги знаеме придобивките од фит животниот стил и сакаме тоа искуство да го споделиме со сите околу нас. Затоа сериозноста на натпреварот ќе ја зачиниме со хуморот и позитивниот дух на Гораст кој е исто така активен во фитнесот и наш голем поддржувач, а музичкиот сет ќе има за цел да ги мотивира натпреварувачите и да ја забавува публиката. Бидејќи балансираниот, правилен начин на исхрана е неизоставен дел од фитнесот, обезбедивме и можност за дегустација за сите кои ги интересира како изгледаат тие „чисти“ оброци. Настанот е од отворен тип и ги повикуваме сите кои се расположени за дружење да нѝ се придружат во сабота“, објаснуваат од Protein Lab.

Настанот ќе се одржи на тениското игралиште во Карпош 3, со почеток од 12 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…