Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер. Последните информации од Островот се дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за голманот на Динамо Загреб. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман бидејќи иднината на Де Геа на „Олд Трафорд“ не е сигурна, а прв избор е токму Ливаковиќ. …