Македонската кошаркарска репрезентација запиша голема победа на гостувањето во Полска со 96:71. Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа одлично во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено забележаа убедлива победа во мечот против еден од домаќините на претстојното Европско првенство. Полска имаше водство само на стартот од дуелот, потоа Македонија го крена нивото, заигра одлична одбрана и …