Дома Трансфер зона Aнчелоти и Баерн спремаат 50 милиони за Бразилецот од Челзи?

Aнчелоти и Баерн спремаат 50 милиони за Бразилецот од Челзи?

Карло Анчелоти е спремен да го доведе Бразилецот.

Како што пренесуваат медиумите во Германија, фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за играчот од средината на Челзи, Вилијан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според овој извор, Баерн е спремен да плати 50 милиони евра за трансфер на овој фудбалер, што верувале или не би било најскапо засилување во историјата на Баерн.

Баерн до сега најмногу плати за Хави Мартинез кој во 2012 година пристигна од Атлетик Билбао за 40 милиони евра.

Не треба да се заборави дека Баерн е спремен и два пати да го сруши овој рекорд, бидејќи го сака и Алексис Санчез од Арсенал.

Кога во прашање е Вилијан, тој оваа сезона често пати беше во втор план кај Антонио Конте, бидејќи шанса пред него добиваше Педро, па така не е исклучена можноста и самиот фудбалер да побара заминување, посебно ако навистина добие повик од Карло Анчелоти.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…