Дома Македонски спорт Мак фудбал AДСДП во „тесно“, се спуштаат цените за користење на „Филип Втори“?

AДСДП во „тесно“, се спуштаат цените за користење на „Филип Втори“?

Oткако денес управата на Вардар одлучи натпреварот од домашното првенство против Ренова да го одигра во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“, а не на арената „Филип Втори“, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), повика итен состанок.

Во соопштението се наведува дека во интерес на сите засегнати страни е пронаоѓање на најдоброто решение. Покрај тоа, од АДСДП, најавуваат и промени во ценовникот, бидејќи како што соопштуваат, ценовник претходно морало да биде направен на таков начин со цел да се обезбеди нормално функцинирање на нашиот најголем стадион, пренесува Прес24.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да потсетиме, Вардар за користење на арената „Филип Втори“ во натпреварот против Зенит во рамките од Лигата на Европа, мораше да плати огромна сума од 40.000 евра, додека за дневен термин од домашното првенство црвено-црните исплаќаат сума од 3.000 евра, а за натпревар под рефлектори 6.000 евра.

Од АДСДП информираат дека решнието ќе биде донесено во најбрз можен рок.

Извор: Прес24

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …