Дома Видео 3.500 км долгата и пеколна Апалачиан Трејл за 45 дена – вака го направи тоа „Брзата коза“ Мелцер (видео)

3.500 км долгата и пеколна Апалачиан Трејл за 45 дена – вака го направи тоа „Брзата коза“ Мелцер (видео)

Минатата година некаде на есен, ултрамаратонецот Карл Мелцер – познат како Speedgoat (брзата коза) во 45 дена 22 часа и 38 минути успеа да ја мине најпознатата американска планинска трансверзала Апалачиан Треил која се протега околу 3500 километри.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


3500 километри долгата планинска трансверзала во североисточна Америка која го носи името Апалачиан Треил се протега од Спрингер Маунтин во Џорџија се до планината Катадин во Мејн. Таа претставува една од најдолгите организирани, обележани и целосно конзервирани планинарски патеки т.н. трансверзали во светот, а во својата историја брои повеќе подвизи за брзинско изминување на нејзината сериозна должина и висинска разлика.

До минатата година ваков подвиг беше оној на Скот Јурек од 2015 година, кога со 47 дена 8 часа и 7 минути тој успеа да го постави новиот рекорд на оваа патека. Но, лани, ултрамаратонецот Карл Мелцер го започна неговиот личен обид за поставување на таканаречените FKT – fastest known time на оваа патека.

Мелцер е еден од најпознатите светски ултрамаратонци кој според статистиката има најмногу (38) победи на повеќе ултрамаратонски трки во светот како Хардрок 100, Васач 100, Бигхорн 100 итн. Во неговиот најнов проект за рушење на рекордот на Апалачиан Треил, Карл заедно со неговиот тим поминаа 45 дена 22 часа и 38 минути во живописните планински предели на стазата со вадење на одличен просек од околу 77 километри на ден.

Рекордот е 10 часа подобар од оној на Скот Јурек, а самата тежина на стазата и подвигот станува јасна во последните денови од рекордот кога Карл бил притиснат да прескокне едно спиење за да го сруши рекордот на Јурек.

Во текот на овие денови Мелцер успеал да преброди две големи кризи и повеќе мали проблеми. Еден од поголемите потешкотии бил кога тој не успеал да стигне до договорената точка со неговиот тим и морал да отспие кај во куќата не некој човек кој штотуку го запознал, а на 33тиот ден, тој морал да преброди огромна слабост во енергијата каде бил во можност да измине само 37 километри тој ден.

Подолу можете да видите некои интересни бројки поврзани со оваа авантура

поминати 14 држави
3500 километри – 77 на ден
потрошени околу 391,000 калории (8500 на ден)
18 пара патики
141732 метар денивелација

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …