Дома Актуелно Мурињо: И покрај температурите, ние мораме да уживаме и одиграме добар меч против европскиот шампион

Мурињо: И покрај температурите, ние мораме да уживаме и одиграме добар меч против европскиот шампион

Предводникот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо на денешната прес конференција непосредно пред оддржувањето на спектакуларниот Суперкуп на арената „Филип Втори“ истакна дека неговите момци ќе се обидат да играат на високите температури на потребното ниво, и призна дека фудбалерите на Реал во тој сегмент се поподготвени.

Одговарајќи на новинарски прашања, Жозе Мурињо истакна:


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Што се однесува до Бејл, не размислувам да го вклучам во мојот тим. Ако игра утре, едноставно ќе се потврди фактот дека Реал смета на него и оваа сезна. Во тимот за утрешниот меч ќе ги немаме Фил Џонс и Ерик Баји, а повредени се и Рохо и Јанг. Матиќ ќе биде на располагање, но не на ниво како што се останатите.Има разлика од ЛШ и ЛЕ. Многу е тешко да се освои ЛЕ, но ние утре ќе се обидеме да го совладаме Реал Мадрид. Разлика има и тоа во квалитетот, што се однесува до најдобрата четворка во ЛШ. Ние веруваме дека се е можно“.

На новинарско прашање врзано за високите температури и тоа како ќе влијае тоа над Јунајтед, Мурињо додава:

„По враќањето од САД одлучивме да тренираме постојано попладне, но секојдневно врнеше. Во Мадрид имаат тренинзи на високи температури и во тој сегмент тие се поподготвени. Но, ова е посебен момент и ние мораме да уживаме. Ние секако мораме да играме против европскиот првак“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пре…