Дома Фудбал Италија Џиџи Буфон – легенда која се уште трае!

Џиџи Буфон – легенда која се уште трае!

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, 39-годишниот Џанлуиџи Буфон, продолжува да руши неверојатни рекорди.

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Буфон, во саботата на стадионот во Палермо, против Албанија, го одигра 1.000 натпревар во својата кариера.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Буфон во дресот на Парма одиграл 220 натпревари, за Јувентус настапил на 612 натпревари, а за Италија го бранеше голот на 168 натпревари.

Џиџи во саботата стана Европеец со најмногу настапи за националниот тим, тој зад себе ги остави Икер Касиљас и Виталијас Астафијевас, а пред него сега е само светскиот рекордер Ахмед Хасан кој за Египет одигра 184 натпревари.

Неверојатно звучи податокот дека Буфон досега на 426 натпревари не примил гол, вкупно примил 828 голови, што во просек не е ниту гол по натпревар (0,83 отсто). Во кариерата одбранил 23 пенали.

Брилијантниот голман за репрезентацијата дебитираше на 19-годишна возраст, во 1997 година и беше учесник на осум големи натпреварувања, а во 2006 година стана светски шампион со Италија.

Во кариерата седум пат беше шампион на Италија, што е најмногу кога се во прашање голманите, а на добар пат е да ја освои и осмата титула во Серија А.

Голманот на Јувентус 973 минути не примил гол што е рекорд во Серија А. Трет е на листата на играчи со најмногу одиграни натпревари, втор е Хавиер Занети (615), а прв Паоло Малдини (647).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…