Дома Топ вести Јуве ги откри деталите од трансферот на Погба, Раиола заработил богатство!

Јуве ги откри деталите од трансферот на Погба, Раиола заработил богатство!

Јувентус конечно ги откри сите финансиски детали поврзани со трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот изнесува 105 милиони евра, а со дополнителни бонуси може да порасне за уште пет милиони евра.

Деталите околу трансферот на Погба ги открија претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и директорот Џузепе Марота на состанокот со акционерите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршувањето на состанокот Марота им се обрати на медиумите па ги открил деталите и околу тоа колку заработил менаџерот на Погба, Мино Раиола.

„Погба од Јунајтед дојде за 1,5 милиони евра. По четири години тој посака да се врати во Англија, по секоја цена сакаше да замине. Побаравме обештетување од 105 милиони евра и плус пет милиони низ дополнителен бонус. Оваа клаузула ќе биде активирана доколку Јунајтед го продолжи договорот со Погба или пак реши да го продаде на накој друг клуб за сума повисока од 50 милиони евра. Раиола и ќе добие 27 милиони евра. Кога се ќе собереме ние на Погба заработивме 72 милиони евра“, потврди Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …