Дома Фудбал Останато Јувентус ќе биде казнет поради трансферот на Пол Погба

Јувентус ќе биде казнет поради трансферот на Пол Погба

ФИФА има намера да го казни Јувентус поради трансферот на Пол Погба минатото лето во Манчестер Јунајтед, пишува „L`equipe“.

Куќата на фудбалот ќе го казни Јуве со парична казна од 60,000 евра поради нелегалниот договор помеѓу шампионот на Италија и конторверзниот агент, Мино Раиола во врска со трансферот на неговиот клиент Пол Погба од Манчестер Јунајтед 2016. година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Старата дама“ со Раиола потпиша договор на агентот да му припаднат 18 милиони евра, фиксно од почетната цена во износ од 90 милиони евра. Понатаму во договорот пишувало дека за секој дополнителни пет милиони, Холанѓанецот добива три милиони.

Конечната бројка на трансферот изнесувала 105 милиони евра, што значи Раиола на продажбата на Погба заработил 27 милиони.

Според истражителите на ФИФА овој систем претставува еден вид косопственост на трето лице, а тоа е забрането во мај 2015. година, па под истрага сега се Јувентус и Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…