Дома Трансфер зона Ја купија пола Европа сега се селат во Бразил: Милан ја сака ѕвездата на Флуминенсе!

Ја купија пола Европа сега се селат во Бразил: Милан ја сака ѕвездата на Флуминенсе!

Милан ова лето направи вистински „бум“ на трансфер пазарот, донесе девет нови засилувања и потроши повеќе од 200 милиони евра, но раководството не мисли да застане.

Покрај напаѓач од врвна класа кој треба да пристигне на „Сан Сиро“ до крајот на преоднио рок, „росонерите“ се интересираат и за талентот на Флуминенсе, Ричарлсон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за 20-годишен крилен напаѓач кој важи за еден од најголемите таленти во Бразил и е на радарот на многу европски гиганти.

Милан веќе стапил во контакт со бразилскиот клуб, а цената на трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.

Доколку „росонерите“ успеат да го договорат трансферот играчот ќе остане на позајмица во Бразил до јануари, а потоа ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…