Дома Топ вести Ја доби довербата од УЕФА: Џанлука Роки ќе го суди Суперкупот во Скопје

Ја доби довербата од УЕФА: Џанлука Роки ќе го суди Суперкупот во Скопје

Италијанецот Џанлука Роки ја доби довербата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за делење правда во Суперкуп пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8 август во Скопје.

На 43 годишниот арбитар од Фиренца ќе му асистираат пет негови сонародници. Крај аут линиите ќе бидат Еленито ди Либераторе и Мауро Тонолини, работните места зад головите ги добија Давиде Маса и Масимилијано Ирати. За резерва на Роки е одреден Рикардо ди Фиоре, а четврти судија ќе биде Французинот Клемен Турпан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роки е интернационален судија од 2008 година и досега бил главен судија на 72 меча под капа на УЕФА. Беше делегиран за девет натпревари во европските купови во сезоната 2016/17. Меѓу нив и осминафиналниот реванш меѓу Монако и Манчестер сити, четвртфиналниот реванш судир на Лестер и Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони како и првата полуфинална средба во Лига Европа (ЛЕ) на Ајакс и Олимпик Лион. Беше и четврти судија во финалето во ЛЕ на „Френдс арена“ во Стокхолм во кое играа Манчестер јунајтед и Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…