Дома Останати Ѓоковиќ објави кој ќе му биде главен тренер!

Ѓоковиќ објави кој ќе му биде главен тренер!

djokovic

Новак Ѓоковиќ нема да ангажира нов тренер, туку од 2017 на местото главен тренер ќе се врати Словакот Марјан Вајда.

Новак Ѓоковиќ самиот стави крај на шпекулациите околу наследникот на Борис Бекер. Негов главен тренер повторно ќе биде Марјан Вајда, кој со српскиот тенисер започна да работи во 2006 година, а пред три години местото му го препушти на Бекер, но не го напушти стручниот штаб на Ѓоковиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѓоковиќ на својот профил на Фејбук постави фотографија од Монте Карло на која покрај него се Вајда, Миљан Амановиќ и Гепхард Фил Грич, односно стручниот штаб кој не се менува речиси една деценија. На фотографијата се наоѓа и Пепе Имас, кој беше во центарот на вниманието во изминатиот период.

„Нова година, нови цели, нова енергија! Благодарен сум и им се радувам на предизвиците. Поздрав од тимот на Ѓоковиќ, се гледаме во Доха“, напиша Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…