Дома Фудбал Италија Што се случува со Парма, како напредува?

Што се случува со Парма, како напредува?

Екипата на Парма оваа сезона се натпреваруваше во рамките од третото по ранг натпреварување во Италија, ќе видиме дали ќе се избори за место во Серија Б.

После финансискиот колапс, Парма пред две години беше исфрлена во четвртата лига, мораа да започнат се од почеток, а им оди одлично.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако направија чекор напред, оваа сезона се изборија за плеј-оф кој води во Серија Б.

Во првото коло беа слободни, во осмина финалето ја совладаа Пијаченца, исто така поранешен учесник во Серија А и тоа со 2:0 вкупен резултат. Во првиот беше 0:0, во вториот „млекарите“ славеа со 2:0.

Ќе видиме против кого ќе играат во четвртфиналето, а таму ќе играат уште Алесандрија, Лече, Козенца, Ливорно, Порденоне, Реџиана и Лучезе. Место во Серија Б има само еден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…