Дома Фудбал Англија Што ли им се случува на Кристал Палас? Уште една МНОГУ лоша вест за нив!

Што ли им се случува на Кристал Палас? Уште една МНОГУ лоша вест за нив!

Малку е да се рече дека оваа сезона на екипата на Кристал Палас не им цветаат ружи во Премиер лигата.

Тимот од Лондон по првите шест кола се наоѓа на последното место во лигата без ниту еден освоен бод и тоа со криминална гол разлика од 0:13. Како да е малку тоа што им се случи, денеска пристигна уште една лоша вест за овој клуб. Најдобриот напаѓач на Кристал Палас, Кристиан Бентеке доживеа повреда на лигаментите поради која нема да може да настапува некое време.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако новиот тренер, Рој Хоџсон посочува дека се уште не е познато колку време ќе паузира Белгијанецот, Бентеке најверојатно ќе го чека пауза од најмалку шест недели. Кристиан не играше добро оваа сезона, исто како и неговите соиграчи, но јасно е дека Кристал Палас без него ќе биде уште помалку опасен во нападот.

Исто така, Бентеке поради повредата ќе ги напушти и натпреварите за својата селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…