Дома Фудбал Останато Шок за Аргентина – Меси суспендиран до крајот на квалификациите!

Шок за Аргентина – Меси суспендиран до крајот на квалификациите!

Аргентинската репрезентација доживеа голем шок само неколку часа пред гостувањето во Боливија, откако ФИФА одлучи да го суспендира најдобриот играч на „гаучосите“, Лионел Меси.

Имено, Меси доби суспензија од четири натпревари, што значи дека селекторот Едуардо Бауза нема да може да го користи се до крајот на квалификациите за Светското првенство, односно до последното коло против Еквадор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меси е казнет затоа што го навредувал помошникот судија на натпреварот помеѓу Аргентина и Чиле во Буенос Аирес минатиот петок, натпревар кој Аргентинците го добија токму со голот на ѕвездата на Барселона.

„Гаучостите“ после 13 одиграни кола го заземаат третото место на табелата во квалификациите, но со само два бода повеќе од петтопласираниот Еквадор и шестопласираниот Чиле.

Меси покрај мечот со Боливија ќе го пропушти и натпреварите со Уругвај, Венецуела и Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…