Дома Македонски спорт Мак фудбал Шиков се врати во Македонија – потпиша за Работнички!

Шиков се врати во Македонија – потпиша за Работнички!

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков е нов член на Работнички, откако денес договори шестмесечна соработка со клубот.

Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб“, изјави претседателот на клубот Драган Поповски.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


31-годишниот Шиков по речиси една деценија повторно се враќа во домашниот фудбал, откако кариерата ја градеше во Грција, Украина, Австрија и Азербејџан.

„Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа“, изјави Шиков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…