Дома Фудбал Лига на шампиони Чудо се случува само еднаш: Барса потклекна на Камп Ноу – Јувентус е полуфиналист

Чудо се случува само еднаш: Барса потклекна на Камп Ноу – Јувентус е полуфиналист

Фудбалерите на Јувентус им се придружија на мадридските тимови Реал и Атлетико во полуфиналето, во Лигата на шампионите.

Барселона на „Ноу Камп“ не успеа да приреди уште едно чудо, а Јувентус покажа дека не е ПСЖ. Италијанскиот шампион по победата од 3:0 во првиот меч, во реваншот одигра 0:0 и барем малку успеа да им се одмазди на Каталонците за поразот во финалето во 2015 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Домаќините ја контролираа играта во текот на целиот натпревар и се обидуваа да пронајдат решение како да ја пробијат одбраната на италијанците, меѓутоа сепак тимот на Алегри успеа да издржи до крајот.

Искусната дефанзивна линија на Јувентус без поголеми проблеми успеа да се справи во напаѓачкото трио на Барселона (Нејмар, Суарез, Меси).

Најдобрите шанси за гол ги имаше Меси, по една во секое полувреме, но два пати неговите удари завршуваа крај голот на Буфон.

Јувентус не играше класичен бункер, до 75.минута Алегри на теренот имаше четворица напаѓачи. Најдобрите шанси за Јувентус ги пропуштија Игиаун и Квадрадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …