Дома Фудбал Останато Чилеанската репрезентација – алкохол, проститутки и журки до зори

Чилеанската репрезентација – алкохол, проститутки и журки до зори

Шампионот на Јужна Америка, репрезентацијата на Чиле не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, па веднаш после неуспехот почна нападот на репрезентативците на оваа земја.

Лавината критика ја започна сопругата на голманот Клаудио Браво, која ги обвини репрезентативците дека биле мамурни за време на натпреварот со Бразил, бидејќи претходната вечер пиеле и се журкале во хотелот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во медиумите се појавија изјави на поранешниот селектор Хорхе Сампаоли кој зборува за непрофесионализмот на одредени репрезентативци кои пиеле алкохол организирале дружење со проститутки и правеле забави до зори.

Артуро Видал е алкохоличар и мора да се лечи. Целосно е надвор од контрола. Обожава да се пијанчи и не може да се контролира. Кога се враќавме со авион од Лима, ме праша дали може да се напие едно пиво. Му кажав не бидејќи со нас имаше официјални лица од федерацијата. Но тоа не му значеше многу, подоцна пиеше виски со уште неколку други играчи“, открива Сампаоли.

Едуардо Варгас секогаш кога ќе се врати во Чиле е полош од претходниот пат. Пиниља мисли само на журки до раните утрински часови. Постојано имаше журки до зори во собите со проститутки и многу алкохол. Алексис Санчез е единствениот кој е примерен, но и тој има одредени мани“, додаде Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…