Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар: Со победа да го завршиме настапот во ЛШ!

Червар: Со победа да го завршиме настапот во ЛШ!

Ракометарите на Металург, во недела, ќе го одиграат својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите, кога на домашен терен ќе го пречекаат Чеховски Медведи.

Металург во претходните девет кола, има забележано четири победи и доколку в недела слави над рускиот тим, под претпоставка дека Монпелје ќе слави над Елверум ќе заврши на третото место.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога игравме во Русија имавме огромни проблеми во првото полувреме, губевме убедливо. Чеховски Медведи е незгоден тим, составен од искусни и талентирани млади ракометари. Играат брз ракомет, но и варираат во формата, имаа победа во гости над ла Риоха, а потоа три порази во низа. Во секој случај не ни „чежат“, високи се, а имаат добра полуконтра. Најчесто играат 5-1 зона, но добро ја играта и основната зона 6-0. Ние ќе пружиме максимум и се надевам дека со помош на публиката сезоната во Лигата на шампионите ќе ја завршиме со победа“, изјави Лино Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…