Дома Фудбал Англија Челзи поради својот играч е „персона нон грата“ во Кина

Челзи поради својот играч е „персона нон грата“ во Кина

Како што пренесуваат британските медиуми, на екипата на Челзи би можела да им биде забранет престој во Кина по инцидентот што го предизвика играчот на лондонскиот клуб, Кенеди.

21-годишниот Бразилец на социјалните мрежи стави две видеа за времето на патот со својата екипа на турнејата по Азија на која на навредлив начин се однесува спрема Кина. На еден напиша „еби се Кина“, а на друг со слика од ноќен чувар кој спие порача: „Будење Кино. Идиот“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Видеата за многу кратко време беа избришани, а по непромислениот потег, и Кенеди, но и Челзи извадија официјално соопштение каде што се извинуваат на кинескиот народ.

Сепак, тоа изгледа не е доволно, бидејќи кинеските власти наредија на медиумските куќи повлекување на сите текстови за шампионот на Премиер лигата, а размислуваат и за забрана за престој на тимот на Челзи во Кина.

Челзи на подготвителниот натпревар во Пекинг го совлада Арсенал со 3:0, а навивачите со свиркање го „поздравија“ Кенеди, додека клубот упати „опомена и дисциплинска мерка“.


„Сините“ по мечот против Арсенал се упатија во Сингапур, каде што ќе ги одиграат натпреварите против Баерн и Интер, па нема да имаат работа со навредените Кинези.

По повод „случајот Кенеди“ се пишуваше и во Службениот весник на Комунистичката партија на Кина, каде што беше истакнато:

„Челзи подобро ништо да не зборува, кога веќе создава проблеми. Ако не научите да ги почитувате другите, нема да научите да се почитувате и самите себе. Кенеди во своето извинување и понатаму се бранеше, додека соопштението на Челзи е површно. Гостољубивиот кинески народ такви гости не прифаќа. Таквите како Челзи би требало да бидат непожелни во Кина“, пренесува кинескиот дневник „Женмин жибао“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…