Дома Останати Кошарка Евробаскет ЦСКА очекувано го декласираше Галатасарај – еве ги резултатите од кошаркарската Евролига

ЦСКА очекувано го декласираше Галатасарај – еве ги резултатите од кошаркарската Евролига

Кошаркарите на ЦСКА Москва забележаа очекувана победа во дуелот против Галатасарај во воведниот натпревар од 25.коло на Евролигата.

На средбата одиграна попладнево во Москва, актуелниот европски шампион ЦСКА славеше троумф против Галатасарај со 85-67.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај овој натпревра денеска на програмата се уште четири средби. Во тек се дуелите во Истаннул и Каунас, каде Фенербахче е домаќин на Басконија, односно Жалгирис игра против Панатинаикос. Вечерва се играат и дуелите Макаби – Армани Милано и Барселона – Уникс Казан.

Преостанатите три натпревраи од 25.коло во Евролигата ќе се играат утре, а двојките се: Анадолу Ефес – Бамберг, Олимпијакос – Дарушафака и Реал Мадрид – Црвена Ѕвезда.

Табела: ЦСКА Москва 19-6 (победи-порази), Реал Мадрид 18-6, Олимпијакос 17-7, Фенербахче 16-8, Панатинаикос 14-10, Црвена Звезда 14-10, Басконија 13-11, Анадолу Ефес 13-11, Дарушафака 12-12, Жалгирис 10-14, Барселона 9-15, Бамберг 8-16, Галатасарај 8-17, Макаби Тел Авив 8-16, Уникс 7-17, Армани Милано 7-17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…