Дома Топ вести Црвено-црниот ураган стигна во Мадрид – не сака да замине без Мората!

Црвено-црниот ураган стигна во Мадрид – не сака да замине без Мората!

Фудбалскиот клуб Милан е решен да се врати на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, па за таа цел веќе потроши повеќе од 200 милиони евра на засилувања ова лето и не планира да застане.

Од почетокот на преодниот рок на „Сан Сиро“ пристигнаа девет големи засилувања, па додека сеуште не е спласната еуфоријата за трансферот на Бонучи, „росонерите“ спремаат „шлаг на тортата“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, генералниот директор на Милан потврди дека ќе пристигне врвен напаѓач, а денес сите италијански и шпански медиуми потврдија дека „росонерите“ испратиле понуда за Алваро Мората.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан му понудил на Мората годишна плата од 10 милиони евра по сезона, со што Шпанецот ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

24-годишниот напаѓач кажал ДА и инсистира Реал да му дозволи да се пресели во Милано, а двата клуба веќе започнале преговори.

Милан нуди 70 милиони евра плус бонуси, додека „кралевите“ не отстапуваат од својот став и бараат најмалку 85 милиони евра.

Сепак, Мората е решен да ја промени средината и го притиска клубот да ја прифати понудата, па останува да видиме дали во наредните денови двата клуба ќе најдат заеднички јазик за висината на отштетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…