Дома Фудбал Лига на шампиони Цела армија на готовс: 15.000 полицајци ќе го обезбедуваат финалниот дуел од Лига на шампиони

Цела армија на готовс: 15.000 полицајци ќе го обезбедуваат финалниот дуел од Лига на шампиони

Градските власти на Кардиф сепак ќе дозволат финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Јувентус, на 3.јуни, да биде следено во ткн. навивачки зони.

Градските власти стравувајќи од можен терористички напад имаа намера да го уникнат организираното следење на финалето низ градот, но во договор со УЕФА, се откажаа од своите намери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Навивачките зони и фестивалот ќе бидат организирани, но со зголемени мерки на безбедност“, соопштија од УЕФА.

Во понеделникот, во Манчестер, бомбаш самоубиец усмрти 22 лица, откако активира експлозивна направа по завршувањето на концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде.

Инаку, за безбедноста во Кардиф ќе бидат задолжени 15.000 полицајци, а околу стадионот ќе бидат поставени неколку безбедносни прстени. Интересно, од безбедносни причини ќе биде затворен и покривот на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …