Дома Актуелно Хрватска во шок: Лука Модриќ ја напушта репрезентацијата?!

Хрватска во шок: Лука Модриќ ја напушта репрезентацијата?!

Хрватот од редовите на Реал Мадрид, а шокираше фудбалската јавноста во неговата татковина.

Имено, капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, сериозно размислува за повлекување од репрезентацијата поради големиот притисок кој се врши врз него поради неговите искази во судот поврзани со Здравко Мамиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Модриќ во разговор за „Марка“ истакна дека размислува, но дека сеуште не донел конечна одлука. Само кратко изјави:

„Репрезентација? Не сум донел конечна одлука. Ќе видиме што ќе случува, сега сакам да се посветам на припремите со Реал за новата сезона“, изјави Модриќ, а потоа ги коментираше сите случувања во врска со неговото сведочење.

„Тоа е многу комплицирана и непријатна ситуација. Сепак, мене совеста ми е чиста. Се што се случува околу тоа за мене е тешко, но во животот сум издржал и многу полоши работи. Се надевам дека сето ова брзо ќе заврши“, истакна Хрватот.

Модриќ за репрезентацијата настапи на 96 натпревари и постигна 11 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…