Дома Топ вести Хаос во соблекувалната:Рамос и компанија го стопираат трансферот на младата ѕвезда во Реал!

Хаос во соблекувалната:Рамос и компанија го стопираат трансферот на младата ѕвезда во Реал!

Како што денеска пишуваат шпанските медиуми, додека Зидан и играчите на Реал Мадрид се подготвуваат за големото финале во ЛШ следната недела, претседателот на клубот, Флорентино Перез веќе го разгледува пазарот во потрага за засилувања за следната сезона.

На големо веќе со денови се пишува за доѓањето на 18-годишниот Килијан Мбапе од Монако. Дури и самиот Мбапе даде индикации дека неговото омилено место за следната сезона е Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, тие планови многу потешко ќе пројдат во пракса, отколку теоретски. Имено, според пишувањата на медиумите во соблекувалната на Реал постои отпор за доведуањето на младиот Франузин.

Најгласен во незадоволството е капитенот, Серхио Рамос.

Како што претходно беше напишано, во соблекувалната на Реал неколку играчи кои го поддржуваат Рамос му кажале на Перез дека им е потребен играч со проверени квалитети, а не млад напаѓач кој се уште не е докажан во светот на фудбалот.

Дали Перез ќе остане со своите планови или ќе попушти на приситокот од соблекувалната останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…