Дома Трансфер зона Хамес конечно одлучи каде ќе оди !

Хамес конечно одлучи каде ќе оди !

Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез на крајот на оваа сезона најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.

„Кралскиот“ клуб до крајот на сезоната има да го одигра уште финалето во ЛШ и тоа е најважниот натпревар за овој клуб оваа сезона. Натпреварот против Јувентус за Хамес би можел да биде последен во дресот на Реал Мадрид. Веќе долго време се пишува за неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“, а изгледа дека Колумбиецот одлучил среќата да ја побара на друго место.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познато е дека Манчестер Јунајтед покажува голем интерес за овој фудбалер, а во последно време почна да се шпекулира дека за фудбалерот е заинтересиран и Интер. Меѓутоа, според пишувањата на шпанските медиуми, Хамес веќе одлучил каде сака да ја продолжи својата кариера и тоа му го соопштил на претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Според медиумите, Хамес со своето семејство одлучил кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед и дека интересот од Интер не го интересира. Како што пишува „Diario Gol“, Хамес сака да оди само во Јунајтед, а Реал за овој 25-годишен играч бара околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…