Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ја награди младата репрезентација со 230.000 евра

ФФМ ја награди младата репрезентација со 230.000 евра

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на седницата одржана вчера, утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година, која избори пласман на ЕП во Полска 2017 година.

ФФМ ќе ги награди репрезентативците до 21 година за историскиот резултат и изборениот пласман на ЕП со 230.000 евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.

Претходно младите фудбалери за постигнатиот успех беа наградени и од Владата на РМ со 4.200.000 денари.

Покрај Македонија и домаќинот Полска, на ЕП на кое првпат ќе учествуваат 12 селекции, пласман обезбедија уште Чешка, Данска, Англија, Германија, Италија, Словачка, Шведска и Португалија, додека низ баражот во кој влегоа Србија, Австрија, Норвешка и Шпанија, ќе бидат познати последните две репрезентации кои ќе играат на континенталниот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…